По вчерашната информација дека македонскиот младински репрезентативец Адријан Хајдари е позитивен на Ковид 19, нов проблем за нашиот У21 табор.
Марио Младеноваски исто така излезе позитивен на последниот тест и сега селекторот Драган Канатларовски има доста серозен проблем за решавање.
И обајцата се дел од дефанзивната линија што значи дека ќе мора да се бараат решенија односно да има дополнително повици. До самата прозивка има уште време, истата е закажана за в недела, па ќе видиме за кого Канатларовски ќе се одлучи да упати дополнителен повик.