На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа утврдени цените на билетите за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација во септемвриските квалификации против Ерменија и Романија.
Цената на влезница изнесува 300 денари за натпревар.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.
МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 02. септември 2021., 20:45 часот
Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 08. септември 2021., 20:45 часот
Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets
На денешната седница на У.О. на ФФМ беше утврдена цената на влезниците и за натпреварот на македонската репрезентација до 21 година против Србија во Охрид на „Билијанини извори“ од квалификациите за ЕП 2023.
Билет за натпреварот во Охрид меѓу младите селекции на Македонија и Србија ќе чини 150 денари.
Капацитетот на стадионот, исто така е органичен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи.
МАКЕДОНИЈА до 21 година – СРБИЈА до 21 година
Охрид, стадион „Билјанини извори, 07. септември 2021., 16:00 часот
Влезници по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MKTickets
Љубителите на женската фудбалска А репрезентација на Македонија ќе може да ја бодрат нашата селекција на квалификацискиот натпревар против Австрија на 21. септември на Националната арена „Тодор Проески“ со купен билет по цена од 100 денари.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите репрезентации да дојдат до вредни бодови и да бидеме конкурентни во квалификациските групи.
ВАЖНА напомена:
Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.