Чупиќ: Малку чудно ми беше….

440

По неколку сезони минати во Вардар, хрватскиот ракометар Иван Чупиќ вечерва одново беше во “Јане Сандански“, но сега во дресот на ППД Загреб.

Тој не криеше дека малку чудно му било…зошто ова му било прв меч против својот некогашен клуб.

Откако дојдовме во Скопје се некако ми беше чудно. По мечот имаме различни емоции. Мило ми е што ги видов навивачите во “Јане Сандански“, но сега јас сум ракометар на ППД Загреб. И двете екипи сакаат на Ф4, се виде големата борба на двете страни. Вардар за малку беше подобар. Сепак има и реванш“ заврши Чупиќ кој не криеше дека е незадоволен од поразот од Вардар со 24-20.

ПретходноКЛ: Велковски на клупа, Ријека елиминирана од ПАОК!
СледноПолноќна “БОМБА“ и ЧАО Јуве: Манчестер Сити го договори трансферот на Роналдо!