Шахтјор Доњецк е последниот патник во групната фаза во Лигата на Шампионите. Украинскиот тим во реванш мечот со Монако дома губеше со 0:2, но сепак со многу среќа успеа да дојде до целта. И тоа со автогол на гостите во 115.минута, односно во продолженијата за конечни 2:2. Инаку во регуларниот дел беше 1:2 за Монако. Колку за потсетување, во првиот меч, Украинците победија со 1:0.
Па така сега и официјално познати се сите шешири пред денешната ждрепка која ќе се одржи во Истанбул во 18 часот.
ПРВ ШЕШИР: Челзи, Виљареал, А. Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Интер, Лил, Спортинг.
ВТОР ШЕШИР: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Ливерпул, Севилја, Дортмунд.
ТРЕТ ШЕШИР: Порто, Ајакс, Лајпциг, Салцбург, Бенфика, Аталанта, Зенит, Шахтјор.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Динамо Киев, Клуб Бриж, Јанг Бојс, Милан, Малме, Волфсбург, Шериф, Бешикташ.