Бакоч, Кошанин и Миса нови засилувања во Академија ФМП

264

И во наредната сезона Навико Академија ФМП ќе биде предводена од тренерот Александар Петровиќ кој го продолжи својот договор со екипата нешто порано.

Новитет во редовите на овој тим е повремениот македонски репрезентативец Филип Бакоч е нов играч во ростерот на Навико Академија ФМП. Бакоч кој во својата кариера настапуваше за екипите на Карпош Соколи, Охрид, Еуро Никел и МЗТ Скопје Аеродром, во наредната сезона ќе настапува за нашата екипа.

Српскиот плејмејкер  Недељко Кошанин исто е нови име, доаѓа од екипата на Беовук каде во просек постигнуваше 16.5 поени, 5.6 асистенции и 5 скокови по натпревар.

Дамјан Миса кој доаѓа од редовите на Црн Дрим Грин Мобиле каде што во просек постигнуваше по 4 поени, 1.6 асистенции и 1.6 скокови во натпревар во својата кариера настапуваше и за екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово, е новото засилување во нашата екипа.

Најдобриот стрелец во лигата Стефан Крстајиќ и оваа година ќе биде дел од екипата во која договорите ги продолжија и Лука Стојановски, Славчо Темелковски, Оливер Двојаковски, Никола Анастасовски, Никола Груевски, Филип Ѓоргиев. Покрај овие играчи ростерот ќе биде дополнет со нови тројца кошаркари.

ПретходноШахтјор е последниот патник во Лигата на Шампионите, познати се сите шешири!
СледноТреневски: Елмас ќе биде новиот Пандев, Неапол е вистинското место да стане ѕвезда