Борјан Стојановски ги напушти редовите на МЗТ Скопје 2 и стана нов кошаркар на Феникс 2010, дебитантот во најсилната македонска лига. Стојановски минатата сезона одигра 21 меч за МЗТ 2 со просек од 3,5 поени и 1,2 скока за околу 15 минути на теренот.
Стојановски е петтото засилување за Феникс 2010 по Михајло Арсоски, Павле Михајловски и странците Кертис Џонс и Двејн Морган.