Браќата Њокас се враќаат во „погон“

335

Екипата на Металург вчера во некомплетен состав беше поразена од Бутел на домашен терен со 30:32 (11:8) во рамките на подготовките за новата сезона.

Пред стартот на меѓународниот турнир, тимот од Автокоманда остана без браќата Кевин и Оливие Њокас, кои поради коронавирус беа во изолација. Од таборот на клубот соопштија дека двајцата се чувствуваат одлично и веќе денеска ќе му бидат на располагање на стратегот, Иве Марковски.

Француските ракометари потпишаа двегодишен договор со Металург, кој се откажа од настап во Европската лига поради депозитот од 50.000 евра кој ЕХФ го побара како гаранција.

ПретходноГвардиола одлучи, го напушта Сити во 2023 година
СледноСудии за 5.коло: Грујоски ќе суди во Ѓорче, а Ставрев на мечот Брегалница – А. Пандев!