Патот на Вардар 1961 кон нова фајнл-фор завршница е ширум отворен. По првата четвртфинална средба против ППД Загреб, македонскиот првак има предност од четири гола (24-20), позитива која треба да биде доволна за реваншот закажан за 31. август во Загреб.
Триумфот доаѓа во вистинско време – дел од навивачите се вратија на трибините, а нивните миленици им подарија она што го посакуваа, не било каква победа, туку од четири гола.
Триумфот е подарок за Анте Гаџа кој денеска го прославува 29. роденден.