Гаџа пред ППД Загреб: Нема да дозволиме да слават во Скопје

282

Вардар 1961 ја почнува битката за пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која и оваа година ќе се одржи подоцна од вообичаениот турнир. На патот на избраниците на Веселин Вујовиќ стои добро познат противник. ППД Загреб и македонскиот првак имаат долга историја на пресметки.

Моментот за Вардар 1961 не е најдобар, особено ако се земат бројните промени во составот, што пак може да биде проблем, но Анте Гаџа верува дека со добра одбрана и агресивност ќе можат да ја прекријат невоиграноста и да го заверат билетот за Задар, градот домаќин на Ф4.

„Не очекува првиот натпревар во четвртфиналето на СЕХА лигата со Загреб. Мислам дека противникот нѝ е добро познат, тие не познаат исто така добро. Овој меч доаѓа во незгодно време за нас и за нив, доста рано во сезоната. Се надевам дека ќе бидеме спремни и ќе славиме, секако подобар резултат да одиме во Загреб. Клучни ќе бидат одбраната и голманите, а невоиграноста треба да ја покриеме со агресивност во одбраната. Слично ќе биде и кај нив, на тој начин ќе се обидат да слават. Се надевам нема да го дозволиме тоа“, смета Гаџа.

Мечот меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб е закажан со почеток во 20:15 часот, слободни билети се уште има.

ПретходноНов проблем за Цапар, позитивен на Ковид-19 и Марио Младеновски!
СледноФановите на Ливепул со луди ветувања за Мбапе