ГРУПНА ФАЗА НА ЛШ: Николов против Реал и Интер, мега пресметки меѓу Сити и ПСЖ…

242

Од Истанбул, Игор Д. Ивановски

Денеска се одржа ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, а најтешка е групата А во која се најдоа „богаташите“ Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Лајпциг, а како „најслаб“ ривал барем на хартија е Клуб Бриж. Арапските милиони ќе се соочат еден против друг, а ќе се вмеша и клубот чиј спонзор е светски познатата компанија Ред Бул.

И групата Ф е една од поинтересните во која се поранешните европски шампиони Баерн Минхен, Барселона, Бенфика, а меѓу нив украинскиот првак Динамо Киев.

Молдавски Шериф, дебитантот во групната фаза на ЛШ, за кој од неодамна игра македонскиот репрезентативец Бобан Николов ќе се пресмета го гигантите Интер и Реал Мадрид како и украинскиот вицепрвак Шахтјор Доњецк.

ПретходноНајавено, па потврдено: Тиквеш го промовираше напаѓачот од Камерун!
СледноТренер на годината е Томас Тухел!