Ерлинг Халанд ја доби наградата за најдобар напаѓач!

119

Од Истанбул, Игор Д. Ивановски

Голгетерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд е избран за најдобар напаѓач за минатата сезона во Лигата на шампионите. 21-годишниот норвешки репрезентативец имаше подобро бодовно салдо од „машината“ на Баерн Роберт Левандовски и од брзоногиот напаѓач на ПСЖ Килијан Мбапе. Халанд освои 202 поени, а Мбапе 154, додека третиот Левандовски 104 поени. Меси е на четвртото место со 76 поени, а петопласиран е Бензема со 70 поени.

Во женска конкуренција најдобра голгетерка е фудбалерката на Барселона Џени Хермосо.

ПретходноОЧЕКУВАНО: Канте е избран за најдобар фудбалер од средниот ред
СледноНајавено, па потврдено: Тиквеш го промовираше напаѓачот од Камерун!