ЗАСЛУЖЕНО: Жоржињо е најдобар фудбалер во Европа!

191

Специјално од Истанбул, Игор Д. Ивановски

Италијанскиот репрезентативец и член на европскиот клупски првак Челзи, Жоржињо е прогласен за најдобар фудбалер на УЕФА за сезоната 2020/21. 29-годишниот фудбалер е само десеттиот фудбалер кој во иста година ги освоил трофеите од ЕУРО и ЛШ, а во трката по наградата ги победи белгискиот интернационалец Кевин де Брујн и „моторот“ на Челзи Нголо Канте.

Жоржињо освои 175 поени, Де Брујн 167, а Канте 160. Италијанецот минатата сезона во ЛШ одигра 12 натпревари со ефект од еден гол и една асистенција, а еднаш беше играч на мечот. На ЕУРО 2020 одигра седум натпревари.

А најдобра фудбалерка е Алексиа Путеља, членка на европскиот првак во женска конкуренција Барселона.

Да потсетиме за најдобрите гласаа 24 тренери на репрезентациите кои играа на ЕУРО 2020, 80 тренери на клубовите во ЛШ и во ЛЕ од сезоната 2020/21 како и 55 новинари од секоја земја членка на УЕФА, а македонски претставник е СПОРТМЕДИА.

ПретходноТренер на годината е Томас Тухел!
СледноМанасков со “тројка” до билет за Задар