Зајков ќе чека работна дозвола за да дебитира за Левски

382

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе почека на своето деби за тимот на Левски затоа што како што јавуваат медиумите во Бугарија, тој не поседува пасош на ЕУ, па затоа му е потребна соодветна работна дозвола.

Тоа според бугарите е процедура која што ќе потрае, и затоа Зајков нема да биде во можност да настапи за неговиот клуб ниту следниот викенд кога Левски на домашен терен го пречекува тимот на Берое.

Зајков се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви против Ерменија, Исланд и Романија.

 

ПретходноЃурковски и Јанкулов со дополнителен У21 повик
СледноСрбија одбра за мечевите против Украина и Македонија