Барселона работи на продолжување на договорот за офанзивниот играч од средниот ред, Усман Дембеле. Иако не се наигра, ниту ги оправда парите кои беа платени за него при трансферот од Борусија (Д), Каталонците сепак се расположени да ги забрзаат преговорите за нова соработка, која ќе биде на период од три сезони.
Покрај тоа, во новиот договор, страните ќе ја земат предвид економската состојба на Барселона. Актуелниот договор на Усман трае до летото 2022 година.