Исланд без Сигурдсон и Финбогасон за дуелот со Македонија

462

Селекторот на исландската фудбалска репрезентација, Арнар Видарсон, го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските квалификации за СП 2022 во кои на 5 септемрви ќе се сретнат и со нашата фудбалска селекција.

Гилфи Сигурдсон не е вклучен во оваа селекција, откако тој се уште е под истрага, откако беше уапсен во јули под сомнение за сексуални дела против малолетник. Алфреј Финбогасон има повреда на лигамент на глуждот и тој нема да им помогне на Исланѓаните против Македонија, а поради повреди е ги нема и дефанзивците Хурјур Бјоргвин Магнасон и Сверир Инги Ингасон.

Капитенот на националниот тим Арон Еинар Гунарсон е позитивен на „Ковид-19“ и не е селекцијата.

Дуелот со Исланѓаните ќе го одиграме на стадионот во Рејкјавик.

Голмани:

Ханес Тор Халдорсон – Валур

Патрик Гунарсон – Брентфорд

Рунар Рунарсон – Арсенал

Одбрана:

Бринјар Бјарнасон – Лече

Јон Фјолусон – Хамарби

Хјортур Хермансон – Пиза

Кари Ернасон – Вакингур Р.

Ари Скаласон – ИФК Норчепинг

Гудмундур Пораринсон – Њујорк Сити

Бирвик Саварсон – Валур

Алфонс Сампстед – Бодо/Глимт

Среден ред:

Андри Балдурсон – Копенхаген

Торир Хелгасон – Лече

Исак Јоханесон – ИФК Норчепинг

Биркир Бјарнасон – Адана Демирспор

Арнор Сигурсон – Венеција

Ранар Сигурјонсон – ЦФР Клуж

Гулаугур Палсон – Шалке

Алберт Гумундсон – АЗ Алкмар

Дагур Орштајнсон – Архус

Јохан Гумундсон – Барнли

Микаел Андерсон – ФК Митјиланд

Микаел Елертсон – Спал

Напаѓачи:

Колбајн Сигарсон – ИФК Гетеборг

Андри Гујохенс – Реал Мадрид

ПретходноОдбојкарите со редовна линија на „Виз Ер“ ќе одат на Европско!?
СледноПозната цената на билетите: Навиваме за Македонија против Ерменија и Романија за 300 денари