Квалификации за ЕП 2023: Кошаркарките стартуваат против Германија на гости

132

Македонската женска кошаркарска репрезентација ја чека нов квалификациски циклус за пласман на Европско првенство, овој пат за 2023 година. Нашите девојки се во групата А заедно со Германија, Белгија и БиХ.

ФИБА денеска го објави и официјално распоредот, Македонија на 11. номеври и гостува на Германија, три дена подоцна е домаќин на Босна и Херцеговина, ова се мечевите од првиот „прозорец“.

Вториот „прозорец“ ФИБА го предвиде исто за ноември, но во 2022 година. Тука следуваат натпреварите против селекциите на Белгија, на 24. ноември (на гостински терен) и на 27. ноември, кога ја дочекуваме Германија.

Последниот квалификациски дел пак ќе биде во февруари, 2023 година.

Во периодот од 9 до 12. февруари, нашата женска селекција ќе игра со БиХ, (како гостин), и против Белгија, на 12. февруари, последен од овие квалификации.

Првопласираните десет, плус уште четири национални репрезентации кои ќе имаат најдобар резултат помеѓу второпласираните, ќе обезбедат пласман на наредниот Евробаскет.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2023

11. НОЕМВРИ, 2021: Германија – МАКЕДОНИЈА

14. НОЕМВРИ, 2021: МАКЕДОНИЈА – БиХ

24. НОЕМВРИ, 2022: Белгија – МАКЕДОНИЈА

27. НОЕМВРИ, 2022: МАКЕДОНИЈА – Германија

9.ФЕВРУАРИ, 2023: БиХ – МАКЕДОНИЈА

12.ФЕВРУАРИ, 2023: МАКЕДОНИЈА – Белгија

ПретходноФановите на Ливепул со луди ветувања за Мбапе
СледноКит-Го остана без тренер, Емил Грнев си поднесе оставка