Кит-Го остана без тренер, Емил Грнев си поднесе оставка

621

Кит-Го само по еден одигран натпревар во новата сезона остана без тренер, откако Емил Грнев си даде оставка на функцијата. Во првото коло неговиот тим беше поразен на гостувањето кај Победа со 2-1 во рамките на Втората лига – Исток.

„Од денеска повеќе не сум шеф на стручниот штаб на Кит-го, поднесов оставка. Му посакувам на Кит-го се најдобро во првенството. Поминав две прекрасни години, благодарност до првите луѓе на Кит-го што имаа доверба во мене, мислам дека истата ја оправдав“, изјави Грнев.

 

ПретходноКвалификации за ЕП 2023: Кошаркарките стартуваат против Германија на гости
СледноВаленсија направи трансфер после 723 дена