Дејан Манасков и Веспрем обезбедија место на Ф4 завршницата во СЕХА лига. Унгарскиот тим запиша победа и втората четвртфинална пресметка против Нексе, овој пат на домашен терен славеше со убедливи 30-25.
Македонскиот репрезентативец беше во составот на Веспрем, постигна три гола од пет обиди и на најубав начин го прослави својот роденден. Тој денеска полни 29 години.