Кристијано Роналдо сака да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок, а неговиот менаџер Жорж Мендеш синоќа објави дека е во преговори за разделба со „Старата дама“.
Најновото за португалската ѕвезда е Манчестер Сити. Според новинарот Ди Марицио премиер-лигашот му понудил двегодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона.
Но, торинскиот великан нема лесно да се откаже од Роналдо, бара 25 милиони евра, но „граѓаните“ пак немаат намера да платат ниту денар.
Според истиот новинар шансите за да замине во Сити се 50%, се очекува во следните денови неговиот менаџер да направи дополнителен притисок врз раководството на Јувентус и до крајот на овој преоден рок да го напушти Торино.
ФОТО: Кристијано Роналдо/Твитер
#Juventus, Jorge #Mendes è a Torino: continuano i contatti con il #ManchesterCityhttps://t.co/pC31WF4PXG
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 25, 2021