Готово е. Килијан Мбапе е нов член на Реал Мадрид. Утре во Мадрид треба да се заврши и официјално трансферот. Сите угледни медиуми, почнувајќи од “Марка“ веќе направија фотомонтажа за Мбапе во дресот на Реал Мадрид.
Францускиот ас ќе го носи дресот со број 19, барем така е најавено.
Тоа значи дека фудбалскиот свет утре со нетрпение ќе ја чека новата “бомба“.
И конечно разум кај ПСЖ. Па подобро 180 милиони евра отколку следното лето НУЛА евра.
Сега уште чекаме на Роналдо за да ова лето 2021 година го запаметеме како најлудо во историката во поглед на трансферите.