Наградата за најдобар голман замина кај Едуард Менди

71

Специјално од Истанбул, Игор Д. Ивановски

Членот на шампионската екипа на Челзи, Едуард Менди ја доби наградата за најдобар голман за сезоната 2020/21 во Лигата на шампионите. Менди имаше фантасична сезона на голот на „сините“ од Лондон, а во трката по наградата ги победи конкурентите Едерсон од Манчестер Сити и Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Тој освои дури 286 поени, додека вториот Едерсон 154, а Куртоа 96 поени.

Менди минатата сезона имаше 12 настапи во ЛШ од кои 9 пати ја сочува мрежата недопрена, а прими само три гола. Имаше 91,2% успешност.

ПретходноПретседателската награда на УЕФА за докторите кои му го спасија животот на Ериксен
СледноРубен Диаз победи дуо на Челзи во трката за најдобар дефанзивец