СПОРТМЕДИА е единствениот медиум од Македонија кој учествуваше во изборот на УЕФА на најдобрите фудбалери за минатата сезона. Нашиот медиум е еден од 55-те членки на ЕСМ, а ние ги распоредивме гласовите на следниот начин – пет поени за Жоржињо, три за Канте и еден за Де Брујн. Сите тројца влегоа во Топ 3, а победи Жоржињо.
На 10-те претходни избори дури осумпати сме дале најмногу гласови за победникот.
Освен 55 МЕДИУМИ (по еден од секоја држава членка на УЕФА), во изборот учестуваа и селекторите на репрезентациите од ЕУРО 2020 како и сите тренери на клубовите од ЛШ и ЛЕ минатата сезона.
Жоржињо имаше фантастична сезона. Со Челзи стана европски клупски првак, а веднаш потоа со Италија го освои ЕУРО 2020.