ОФИЦИЈАЛНО: Кореа е ново засилување за Интер

153

Аргентинскиот офанзивен играч за врска Хоакин Кореа се пресели од Лацио во Интер на позајмица со обврска за откуп од 30 милиони евра. Веста денеска ја потврдија и од Интер.

Кореа минатата сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и постигна 6 асистенции. Пред Лацио, тој играше за шпанска Севиља, италијанска Сампдорија и аргентинските клубови Естудијантес и Ривер Плата.

Откко ќе му заврши позајмицата идната сезона, Интер има обврска да потпише договор со него до јуни 2025 година.

ПретходноЕрменците почнаа со тренинзи, во понеделник доаѓаат во Скопје (ФОТО)
СледноОдбојкарите со редовна линија на „Виз Ер“ ќе одат на Европско!?