ОЧЕКУВАНО: Канте е избран за најдобар фудбалер од средниот ред

76

Од Истанбул, Игор Д. Ивановски

„Моторот“ на Челзи Нголо Канте ја освои наградата за најдобар играч од средниот ред за минатата сезона во Лигата на шампионите. Францускиот интернационалец имаше повеќе гласови од соиграчот Жоржињо и од фудбалерот на Манчестер Сити Кевин де Брујн. Канте минатата сезона одигра 13 натпревари во ЛШ, а четири пати ја добиваше наградата за играч на мечот.

Алексис Путељас, фудбалерката на Барселона ја доби наградата за најдобар играч од средниот ред за 2020/21 во женска конкуренција поради одличните настапи во женската Лига на шампиони. „Моторот“ на Барселона го крена трофејот наменет за европски шампион по победата од 4:0 во финалето против Челзи во мај. 27-годишната фудбалерка постигна гол и асистираше за еден во тоа финале во Гетеборг и покрај тоа што беше повредена.

Инаку во својата конкуренција Путељас освои 78 бодови, додека второпласираната е нејзината колешка од Барса Аитана Бонмати. Третопласирана е Џи Со-Јун од Челзи.

Путељас минатата сезона постигна еден гол во шест настапи и имаше дури пет асистенции.

 

ПретходноРубен Диаз победи дуо на Челзи во трката за најдобар дефанзивец
СледноЕрлинг Халанд ја доби наградата за најдобар напаѓач!