Партизан до своите навивачи: На клубот му се закануваат жестоки санкции

952

Вечерва белградски Партизан игра многу важен меч. На домашен терен ја пречекува португалска Санта Клара, во рамките од реванш дуелот од квалификациите за конференцисјата лига.

Првиот меч заврши 2:1 за Санта Клара, Партизан и тоа како има шанси да влезе во групите, но сето тоа би било залудно ако неговите навивачи кои вечер ќе бидат присутни на стадионот направат нешто за што клубот ќе добие казна од УЕФА.
Тоа во минатото често беше случај, па Партизан многу важни мечеви играше пред празни трибини, и загуби милионски суми.

„ФК Партизан е на чекор до исклучително оштри санкции во следните Евро настапи доколку се повторат прекршоците од минатото. Ни се закануваат уште потешки казни на различни нивоа, играње без публика и парични казни“ – објави клубот на официјалните свои медиуми, и со тоа прати порака до своите навивачи вечерва од 21:00 часот да бидат коректни и да не прават инциденти.

 

ПретходноПозната цената на билетите: Навиваме за Македонија против Ерменија и Романија за 300 денари
СледноТргната забраната од ФИФА, Вардар во полн состав на дербито во Кратово!