Поранешниот талент со македонски „корени“ потпиша за Караѓумрук

954

Му предвидуваа блескава иднина, а тој потона во суровиот фудбалски свет. Емре Мор, поранешниот младински дански репрезентативец, потоа и А репрезентативец на Турција од денеска има нов клуб и тоа во суперлигашот Караѓумрук од Истанбул.

Мор доаѓа како позајмен фудбалер на една сезона од редовите на Селта Виго.

Инаку овој фудбалер е роден во Данска, татко му е Турчин, а мајка му Македонка. Во раните години играше за данските селекции, а потоа и се приклучи на А селекцијата на Турција за која одигра 15 натпревари.

Мор почна во Броншој од Копенхаген, потоа играше за Нордсјеланд, па отиде во Борусија Дортмунд, од таму Селта го купи за 13 милиони евра. Не се снајде во Шпанија, па отиде на позајмица во Галатасарај каде одигра само 10 натпревари, во 2020 година отиде во Олимпијакос каде што одигра само 2 натпревари и тоа во Купот.

Сега ќе се обиде да ја возобнови кариерата во Караѓумрук.

ПретходноТрајче Сенев се врати на клупата на Кит Го!
СледноОвации за Чупиќ и Вујо!