Претседателската награда на УЕФА за докторите кои му го спасија животот на Ериксен

519

ОД ИСТАНБУЛ  ИГОР Д. ИВАНОВСКИ

Како што беше најавено, сега е остварено. УЕФА им додели специјалната награда наречена „УЕФА Претседателска награда“ на лекарскиот тим на данската репрезентација, дежурните лекари на УЕФА и на капитенот на данската репрезентација Симон Кјер за нивната брза реакција и спасувањето на животот на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен.

Покрај капитенот Симон Кјаер, награда добија уште Могенс Кројцфелд (главен лекар), Фредерик Фленстед (дежурен лекар на стадионот), Андерс Босен (лекар на теренот) и Петер Ерсгард (болничар), како и дежурните лекари на УЕФА, Јенс Клајнефелд и Валентин Великов, односно лекарскиот тим на данската селекција Мортен Скјолдагер и Мортен Босен.

Таа се доделува од 1998 година. Минатата година неа ја доби Дидие Дрогба.

ПретходноКапитенот со специјални патики на Еуроволеј
СледноНаградата за најдобар голман замина кај Едуард Менди