И покрај тоа што попладнево менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш слета во Париз и веројатно имал разговори со челниците на ПСЖ за евентуален трансфер на неговиот пулен во редовите на “светците“, изгледа дека нема ништо од тоа.
Со своја реакција се јави првиот човек на клубот Насер Ел Келаифи. И тоа вечерва, по ждрепката за ЛШ во Истанбул.
“Околу доаѓањето на Роналдо кај никогаш не се разговарало“ со ова пребогатиот шеик од Катар ги разреши сите дилеми, ако веќе постоеле.
Исто така тој имаше свој став и околу можниот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид. Втората понуда на “кралевите“ била 180 милиони евра но ПСЖ бара 200 милиони.
“И јас, но и сите во клубот сме јасни со својот став во врска со Мбапе. Тој став не го менуваме. Ниту ќе го повторуме тој став, ниту пак ќе го менуваме“ заклучи Ел Келаифи.