Србија одбра за мечевите против Украина и Македонија

535

Селекторот на репрезентацијата нба Србија до 21. година Звонко Живковиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски мечеви против репрезентациите на Украина односно Македонија.
На него се наоѓаат голем број на интернационалци, но и играчи од домашниот шампионат кои се носители на играта на екипи како Партизан и Чукарички.

Голмани: Милош Гордиќ (Црвена звезда), Алекса Милојевиќ (ОФК Бачка), Лазар Славковиќ (Земун)

Одбрана Светозар Марковиќ (Олимпијакос, Атина), Димитрије Каменовиќ (Лацио), Сава Аранђел Честиќ (Келн), Борис Поповиќ (Серкл, Бриж), Златан Шеховиќ (Макаби Натања, Израел), Дамјан Даничиќ (Истра, Пула), Данило Митровиќ (Линц, Аустрија), Марко Бјековиќ (Војводина)

Среден ред: Дејан Тетек (Рединг, Англија), Иван Милосављевиќ (Вождовац), Мирко Топиќ (Војводина), Лазар Павловиќ (Партизан), Армин Ђерлек (Сиваспор, Турција), Дејан Зукиќ (Војводина), Слободан Тедиќ (Цволе, Холандија), Жељко Гавриќ (Ференцварош, Унгарија), Филип Стевановић (Херенвен, Холандија),

Напад: Милутин Видосављевић (Леванте, Шпанија), Немања Јовиќ (Партизан), Алекса Јанковиќ (Чукарички), Урош Миловановиќ (Радник, Сурдулица).

Србија најпрво на 3 септември на домашен терен игра против селекцијата на Украина, а потоа на 7 во Охрид против Македонија.

ПретходноЗајков ќе чека работна дозвола за да дебитира за Левски
СледноТака се прави тоа, Динамо го купи за милион го продава за девет