Така се прави тоа, Динамо го купи за милион го продава за девет

1535

Кристијан Јакиќ, младиот и ултра квалитетен играч на Динамо Загреб очигледно дека го одигра своето за „Модрите“. Тој е исфрлен од тимот уште пред синоќешниот меч против Шериф Тираспол бидејќи бил незадоволен од потегот на управата која ја одби првата понуда од страна на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт за негов откуп.

Сега ситуацијата е многу појасна, Динамо ќе мора да го продаде или пак да го суспендира, а Германците се подготвени за него да платат девет милиони евра.

Само како информација, Јакиќ пред само една сезона пристигна на Максимир од тимот на Локомотива, за нешто над милион евра, поточно 1.2 милиони. Сепак, тоа не е никаква пречка по добрите негови игри, Динамо да наплати речиси десеткратно повеќе за Јакиќ, нешто што не е воопшто изненадувачки за клубот кој продава играчи за десетици милиони евра секој преоден рок.

 

ПретходноСрбија одбра за мечевите против Украина и Македонија
СледноКуманово и ТФТ во иста група во БИБЛ