Трајче Сенев по пауза од две години одново ќе го води тимот на Кит Го. Откако денеска, по заминувањето на Емил Грнев, второлигашот од Пехчево остана без тренер, раководството на клубот експресно реагираше и го назначи Сенев како искусно и проверено име. Да потсетиме дека токму Сенев пред три години како тренер го однесе Кит Го од трета во втора лига.
Тој веќе во недела, против екипата на Детонит ќе ја води екипата на Кит Го.