Тргната забраната од ФИФА, Вардар во полн состав на дербито во Кратово!

1527

Убава вест за сите во ФК Вардар, па и за фановите на нашиот најтрофеен клуб. Имено во текот на денот стигна одговорот од ФИФА дека е тргната забраната за трансфери за Вардар,  а тоа значи дека вардарци во недела во Кратово на дербито со Силекс ќе може да игра во комплетен состав. Тоа значи дека теренерот Горан Симов ќе може да смета и на бројните засилувања кои ова лето дојдоа во клубот. Да потсетиме дека вчера во Дебар, против Кораби, Вардар мораше да игра речиси со младинци, со оглед на тоа дека беше под забрана за трансфери по тужбата на Жуниор. Во меѓувреме раководството на Вардар веќе ја плати бараната сума од Бразилецот во вредност од 49.000 евра.

Па така во недела во Кратово, во меч од 2.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, ќе можеме да проследиме навистина интересно дерби.

ПретходноПартизан до своите навивачи: На клубот му се закануваат жестоки санкции
СледноИако не ги оправда очекувањата, Дембеле ќе добие нов договор со Барса