Поранешниот тренер на Елиф Елмас, Виктор Треневски за италијанските медиуми зборуваше за македонскиот репрезентативец. Двајцата заедно соработуваа во Работнички, пред Елмас да замине во Фенербахче.
Треневски смета дека Елмас е на вистинското место и дека тој треба да биде новиот Горан Пандев во репрезентацијата.
„После Горан Пандев, Елиф е фудбалерот кој треба да ја има улогата на лидер во македонската репрезентација, но за да се биде лидер треба да се работи и секако потребно е време. Се надеваме дека нашата селекција ќе продолжи на позитивен начин и сето тоа ќе зависи од сите, а не од инвидуалци. Италија на Европското првенство каде што ја освои титулата беше добар пример за тоа“, вели Треневски.
На прашањето каков дијамант е Елмас, тој одговори:
„Не можам конкретно да одговорам на ова прашање. Има многу дијаманти во фудбалот денеска, но само неколку можат да станат ѕвезди. Според мене Елмас е на вистинското место. Ако сакаш да станеш ѕвезда нема подобро место од Неапол и стадионот ‘Диего Марадона’.
Елмас после Еуро 2020 е порелаксиран, тој е погладен за успех, позрел и подготвен да да се развива. Со Спалети, кој е извонреден тренер и мислам дека за разлика од Гатузо, со него Наполи ќе напредува, а и со тоа и Елиф“.
Целото интервју можете да го прочитате на овој ЛИНК.