Тренер на годината е Томас Тухел!

80

Од Истанбул, Игор Д. Ивановски

Стратегот на Челзи, Томас Тухел ја освои наградата за најдобар тренер во Лигата на шампионите за минатата сезона. Тој освои 378 поени во гласањето, а зад него се најдоа Роберто Манчини, селекторот на Италија со 292 поени и Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити со 198 поени.

Да потсетиме за најдобрите гласаа 24 тренери на репрезентациите кои играа на ЕУРО 2020, 80 тренери на клубовите во ЛШ и во ЛЕ од сезоната 2020/21 како и 55 новинари од секоја земја членка на УЕФА, а македонски претставник е СПОРТМЕДИА.

ПретходноГРУПНА ФАЗА НА ЛШ: Николов против Реал и Интер, мега пресметки меѓу Сити и ПСЖ…
СледноЗАСЛУЖЕНО: Жоржињо е најдобар фудбалер во Европа!