Новак Ѓоковиќ ќе учествува на УС Опен, кој наскоро почнува. Најдобриот тенисер на денешницата веќе е во Њујорк, најави дека е подготвен да го освои четвртиот грен слем во една сезона.
„Имав многу време за одмор, три и пол недели од последниот меч. Имав одлично лето, малку ме исцрпи, но не се жалам. Имав најдобра сезона што се однесува до грен слемовите и се надевам дека тоа ќе можам да го крунисам“, изјави Ноле.
УС Опен стартува на 30 овој месец и ќе трае дп 12. септември.
Ноле е главен фаворит, особено ако се земе во предвид дека нема да се појават, Федерер, Надал, како и бранителот на тронот, Тием.
Оваа сезона тој ги освои Австралија Опен, Роланд Гаорс и Вимблдон.