Ѓурковски и Јанкулов со дополнителен У21 повик

616

По Ковид 19 проблемите кои настанаа во нашиот У21 табор, и позитивните Ардијан Хајдари односно Марио Младеновски, стручниот штаб на чело со селекторот Драган Канатларовски се одлучи за два дополнителни повици.

Покана добија играчот на Шкупи, Александар Ѓурковски, како и дефанзивецот на Борец, Георгије Јанкулов.

Обајцата беа што се вели на поширок список, а сега ете ќе имаат можност да им се спротивстават на силните Франција односно Србија.

Како што е познато, младата репрезентација на Македонија на 2. односно 7. септември ги игра двата квалиификациски мечеви против Франција на гостински терен, односно со Србија во Охрид.

 

ПретходноУЕФА И СПОРТМЕДИА: Жоржињо, Канте или Де Брујн!?
СледноЗајков ќе чека работна дозвола за да дебитира за Левски