Џовани Симеоне го смени клубот во Италија

487

Џовани Симеоне, синот на Диего Симеоне тренерот на Атлетико Мадрид, ги смени клупските бои. Го напушти Каљари но остана во Италија со тоа што потпиша за Верона. Иако имаше разговори со Олимпик Марсеј, сепак, помладиот Симеоне одлучи да оди во клубот од градот на Ромео и Јулија.
Верона плати 1 милиони евра за позајмица на една сезона, со тоа што има опција да го откупи договорот за 12 милиони евра. Инаку напаѓачот ќе го носи дресот со број 99.
Симеоне минатата сезона постигна шест гола во 35 настапи за Каљари.

 

ПретходноИако не ги оправда очекувањата, Дембеле ќе добие нов договор со Барса
СледноБорјан Стојановски од МЗТ се пресели во Феникс