Агентот на Роналдо денеска на маса со челниците на Јуве

114

Се поверојатно е дека Кристијано Роналдо следната сезона нема да биде дел од тимот на Јувентус. Она што последните денови се случува околу Португалецот, дава таква насока, а денешниот најавен состанок помеѓу неговиот ангетн Жорге Мендеш и челниците на Јувентус уште повеќе ја подгрева ситуацијата.

Тој пристигнува во Торино на разговори, а според англиската јавност веќе е контактиран од страна на Манчестер Сити, па сето ова веројатно ќе има некаков епилог.

Роналдо не беше во составот на Јуве за мечот против Удинезе, а според шпекулациите за него ќе бидат побарани околу 30 милиони евра отштета.

 

ПретходноСудии за 5.коло: Грујоски ќе суди во Ѓорче, а Ставрев на мечот Брегалница – А. Пандев!
СледноВаленсија го престави Нено: Димитријевиќ потпиша 4-годишен договор (ВИДЕО)