Чудно, но вистинито. Екипата на Валенсија го направи првиот трансфер после пауза од 723 дена. Најново засилување на овој тим е бразилскиот фудбалер, Маркос Андре.
Тој доаѓа од тимот на Ваљадолид за сума од 8,5 милиони евра. 24-годишниот фудбалер и челниците на клубот се договорија на петгодишна соработка.
Поради бројните финансиски проблеми Валенсија не можеше да носи нови фудбалери, па после две години првите луѓе на клубот успеаја да купат играч.
✍️ OFFICIAL STATEMENT
Welcome, @_marcosandre96! 👏🏽#DNAVCF #BenvingutMarcosAndré— Valencia CF (@valenciacf_en) August 25, 2021