Вардар 1961 на првата четвртфинална пресметка за место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига го совлада ППД Загреб со 24-20 (14-12). „Црвено-црните“ за првпат по пандемијата коронавирус почувствуваа како е да се игра пред своите фанови, на трибините имаше 1.800 гледачи.
Позитивата од четири гола е доволна, ветува дека токму „црвено-црните“ ќе го заверат билетот за Задар, градот домаќин на Ф4. Токму оваа предност и беше најголемата за Вардар на оваа средба во која Дибиров и Кудуз беа ударниот тамдем, заедно постигнаа 14 гола или повеќе од половината за својот тим. Томовски имаше седум одбрани, на другата страна Чупиќ во својот прв меч против Вардар запиша осум гола, недоволни за триумф.
Првото полувреме целосно му припадна на македонскиот прва, гостите само еднаш поведоа на почетокот со 0-1, два гола беше позитивата која ја одржуваа во овој период, на одморот беше 14-12.
Избраниците на Веселин Вујовиќ добро го отворија и вториот дел. Во 33. минута имаа позитива од четири гола (16-12), а потоа и 17-13. Со шестиот погодок на Кудуз, Вардар во последните 10. минути влезе со предност од три гола (20-17), Обрван на спротивната страна повика тајм-аут.
Промашување и загубена топка беа доволни за да ППД Загреб се доближи на 21-20, стрелец на еден од двата гола беше Чупиќ. Дибриов од седум метри врати за 22-20, а по изгубената топка на Обрадовиќ, Кудуз не искористи шанса да ја зголеми позитивата. На голема среќа противникот не се снајде, искусниот Дибиров и Кудуз поентираа за 24-20
Реваншот е закажан за 31. овој месец.