Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе почека на своето деби за тимот на Левски затоа што како што јавуваат медиумите во Бугарија, тој не поседува пасош на ЕУ, па затоа му е потребна соодветна работна дозвола.
Тоа според бугарите е процедура која што ќе потрае, и затоа Зајков нема да биде во можност да настапи за неговиот клуб ниту следниот викенд кога Левски на домашен терен го пречекува тимот на Берое.
Зајков се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви против Ерменија, Исланд и Романија.