По оние 4:0 против Македонија ЃП, се чини дека сега атмосферата во Шкендија е како што треба. Кога ќе се победува се е полесно. Посебно ако се знае дека во сабота шампионот му гостува на Пелистер, каде очекува сигурни три бода, тогаш јасно е зошто се овие насмевки на тренинзите на Шкендија.
Кога ќе се види како тренерот Бруно Акраповиќ е насмеан, тогаш полесно им е на играчите.
Интересно, на тренинзите е и Арменд Алими. Играчот за врска на беше во тимот на последните два меча на тетовци, Бруно не сметаше на него, како да беа двајцата во “војна“.
Дали се смирија страстите?
Ќе видиме во сабота, ако Алими биде во стартниот состав, тогаш се е во ред. Ако не, е тогаш…