По изненадувачкиот пораз во минатото коло кај Фрајбург, „милионерите“ на домашен терен вечерва стигнаа до тешка победа над Хофенхајм со 3:2 и ја прославија втората победа од почетокот на сезоната.
Средбата донесе неверојатни возбудувања во последните минути, кога беа постигнати два гола. Големата битка резултираше со прв гол дури во 49. минута, кога Џовани Реина успеа да го совлада гостинскиот голман и да донесе предност за „милионерите“ од 1:0.
Хофенхајм успеа брзо да се врати во игра со голот на Баумгартнер во 61. минута, но во 69. минута Џуд Белингем погоди за 2:1 и нова предност за домашните. Иако се чинеше дека тука ќе биде и крајот, така не мислеа Дабур и Халанд. Најпрвин Дабур во 90. минута носи 2:2 за Хофенхајм, а само една минута подоцна неверојатниот Халанд ја враќа радоста на „Сигнал Идуна Парк“ за конечни 3:2.