Е. Пелистер имаше доволно да рехабилитира по поразот од Мешков Брест во првиот четвртфинален натпревар за место на завршницата во СЕХА лига.
Битолскиот тим во Брест ќе брка негатива од четири гола, првата средба заврши со 27-31.
Иако белорускиот тим е фаворит на оваа средба, сепак Е. Пелистер нема намера да се откаже.
“Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат.
Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи”, изјави Марко Кизиќ.
Дуелот Мешков Брест и Е. Пелистер се игра на 29 овој месец.