Младата репрезентација на Македонија до 19 години предводена од селекторот Дашмир Беари во периодот од 2 до 7 август ќе учествува на меѓународен турнир во Словенија.
Нашите фудбалери силите ќе ги одмерат со селекциите на Словенија, Саудиска Арабија и Словачка.
Првиот натпревар го играме против домаќинот Словенија во Крањска Гора на 2.септември со почеток во 17:30. часот. Во второто коло се соочуваме со селекцијата на Саудиска Арабија, 4 септември (Крањска Гора). На 7. септември во ФТЦ Чатез, 12. часот ќе одиграме против Словачка.
Селекторот Дашмир Беари за претстојниот меѓународен турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани:
Гоце Јовчев – ФК Вардар
Кире Новаков – ФК Триглав
Стефан Митрев – ФК Беласица
Одбрана:
Кристијан Тасевски – ФК Аугсбург
Грегори Дафков – ФК Вардар
Андреј Стојчевски – ФК АК. Пандев
Давид Бошески – ФК Кит-Го
Лупчо Кудев – ФК Брегалница
Самет Реџепи – ФК Шкупи
Филип Ѓорѓевски – ФК Вардар
Среден Ред:
Октај Ракипи – ФК Шкендија
Џемил Јахи – ФК Воска
Ване Крстевски – ФК АК. Пандев
Зуфер Шаини – ФК Бринје
Александар Коцев – ФК Беласица
Христијан Георѓевски – ФК М. Т. К
Алтин Весели – ФК Ренова
Мартин Талаков – ФК Подбрезова
Амар Емурли – ФК Ренова
НАПАД:
Бехар Фета – ФК Воска
Дашмир Елези – ФК Шкендија
Филип Трпчевски – ФК Хакен
Алдин Демири – ФК Алуминј
Емир Саитоски – ФК Домжале
02.09. 17:30 Македонија – Словенија (Крањска Гора)
04.09. 17:30 Македонија – Саудиска Арабија (Крањска Гора)
07.09. 12:00 Македонија – Словачка (ФТЦ Чатез)
Собирот на младата македонска репрезентација е закажан за 30 август во Скопје.