ПСЖ нервозно реагираше на понудите на Реал Мадрид за Мбапе, но сега веќе бара замена за него. Раководството на клубот не сака на последниот ден од преодниот ток да остане без алтернатива.
Мбапе во Реал Мадрид ќе оди за 160 милиони евра плус бонуси, а негова замена ќе биде Ричарлисон. Неговите менаџери веќе во Париз на преговори, додека пак Евертон се плаши дека нема да може да го задржи Бразилецот, кој во три сезони постигна над 40 голови.
Ричарлисон ова лето го мина со Бразил, прво настапуваше на Копа Америка, а потоа на Олимписките игри.
А стравот на Евертон е оправдан, сигурно нема да пропушти шанса да заигра со Меси и Нејмар. Премиер-лигашот на крајот ќе нема многу избор, единствено што му преостанува е да го пушти во ПСЖ.