Ретко се случува жена да суди на нашите фудбалски терени, посебно во првата или втората лига, па затоа мал куриозитет, што треба да се спомне, е тоа што Ивана Пројковска ќе суди во Македонска Каменица. Таа во недела, во меч од 2.коло во ВМФЛ – ИСТОК ќе биде главна на средбата меѓу Каменица Саса и ТИМ Локомотива.
Додека Кит Го, поради неподготвениот терен во Пехчево, својот меч во недела против Детонит ќе го игра на Градскиот стадион во Штип. Познато е дека на стадионот во Пехчево во време на пожарите теренот беше “зафатен“ со противпожарни екипи кои успешно се справуваа со пожарите кои пред две недели беснееја во тој дел од Македонија.