Екипата на Вардар на гостувањето во Кратово против Силекс во рамките од второто коло во Второлигашката конкуренција Запад, в недела ќе настапи во комплетен состав.
Конкретно, сите фудбалери кои во моментов се дел од ростерот на Вардар конечно се регистрирани и клубот ќе може да смета на сите нови играчи кои пристигнаа летово.
Претходно, клубот не беше во можност да ги регистрира, и во првото коло против тимот на Кораби на гостински терен одигра речиси со младински тим, но и на тој начин Вардар стигна до првиот второлигашки бод.
Сега, во Кратово се оди на полн плен, против стариот и лут ривал, од шампионските денови на двата тима пред повеќе од две децении.