Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез може да се врати во Порто, првиот свој европски клуб по трансферот од Банфилд во 2010 година. Неговиот сегашен клуб Евертон сака да се ослободи од Хамес и му го нуди на Порто, а за возврат сака да го земе крилниот фудбалер Луис Диаз.
Хамес играше за Порто од 2010 до 2013 година, а потоа отиде во Монако, од таму во Реал Мадрид, две сезони беше во Баерн, па од 2020 година е во Евертон. Но англискиот клуб не го сака и бара да се ослободи од него.
Луис Диаз е колумбиски интернационалец и е желба на менаџерот Рафаел Бенитез.