Австрискиот репрезентативец Валентин Лазаро го напушта Интер, а негова следна дестинација ќе биде Португалија, пренесуваат италијанските медиуми. 25-годишниот крилен фудбалер игра во Интер од 2019 година, а два пати беше позајмуван, прво во Њукасл, а потоа во Менхенгладбах.
Сега може да се пресели во Бенфика. Двете страни се во завршни преговори со тоа што лисабонскиот клуб сака да го позајми на една сезона за што Интер се согласува, но во договорот Португалците ќе имаат обврска да го откупат договорот за 8,5 милиони евра.
Лазаро претходно играше за Херта и Салцбург. За него на почетокот на летото се интересираше Борусија Дортмунд, но Германците се повлекоа.